На интернет функционираат некаде околу стотина социјални мрежи, а ние ги избравме најчудните да ги споделиме со вас.
Date my pet е за оние кои сакаат да му најдат партнер за својот куќен миленик. На оваа мрежа може да најдете се што ќе ви текне за вашето милениче.
Farmers Only како што може да претпоставите е за земјоделци. Но не да споделуваат информации за сеидбата, туку за друштвени контакти. Осамен сум, но и многу зафатен за време на жетвава- не е чудно да прочитате. Овде не се препорачува употребата на академски речник или пак на граѓански манири.
Line For Heaven е токму тоа. Корисниците се натпреваруваат кој повеќе ќе благослови други корисници. Секоја недела се бира победникот и технички е поблиску до рајот. Целта на оваа мрежа е промовирање на толеранцијата помеѓу религиите.
My Free Implants е место каде што можете да се изгребете за имплати без да платите ништо. Се што треба да направите е да ја објавите вашата животна приказна и да се промовирате што повеќе. Покрај тоа што повеќето корисници бараат спонзорство за зголемување на градите или усните, има и такви кои се со хендикеп и бараат донатори за медицински помагала.
Можеби најинтересната од сите овие е Match a Dream. Овде се пуштаат кратки пораки со опис на сонот и сите можат да ви дадат свое мислење за што ви значи сонот. Пријавувањето како анонимен или под псевдоним не преставува проблем.