Повеќете луѓе би уживале во еден ден на било која плажа. Но има нешто уникатно во посетување на поинаква плажа, како на пример Папаколеа во Хаваи која изгледа како да е излезена од бајка.
Папаколеа, Хаваи
Потребен е напор за да се стигне до Папаколеа. Плажата се наоѓа во близина на Ка Лае, најјужната точка на Хаваи. До таму се стигнува само со долго и напорно пешачење од скоро 5 километри по морски гребени. Наградата: плажа со зелен песок, песокот е речиси чист оливин, зелен минерал кој потекнува од Пуу Махана, вулкан кој се наоѓа над плажата.
Пинк Сендс Плажа, Харбор Остров, Бахами
Харбор Островот е само 5,6 километри долг и 2,4 километри широк, но на него се наоѓа една од најубавите плажи во Карибите. Скоро пет километри розов песок се протегаат по источниот брег на островот. Црвените школки на фораминифер – едноклеточни животни – се мешаат со белиот песок на островот со што се добива розова боја.
Генипабу, Натил, Бразил
Сместена помеѓу огромни песочни дини кои можат секого да го натераат да помисли дека е во путстина – сè додека не го видат Атлантскиот Океан. Дините можат да бидат истражувани со баги, камили или сендбординг (како сноубординг само на песок).
Тандер Коув, Остров Принц Едвард, Канада
Островот Принц Едвард има над 800 километри плажи, и половина од нив имаат црвен песок поради високата содржина на железен оксид. Јужниот брег, каде што се наоѓаат многу од овие плажи, е познат како Red Sands Shore. Но Тандер Коув на северниот Green Gables Shore е омилена на локалното население поради црвениот песок и дините.
120 километарска плажа, Остров Фрејзер, Австралија
Како што кажува името оваа плажа долга 120 километри се протега по најголемиот дел од источниот брег на островот. Плажата изгледа како крајбрежен автопат и е токму тоа. Исто и писта. Белиот песок над нивото на плимата е толку тврд што е одличен за возила со погон на сите тркала а и авиони можат безбедно да слетуваат.
И покрај активноста посетителите можат да уживаат без страв дека же бидат прегазени. Одлично место за уживање е Champagne Pools на северниот крај. Плитките камени базени се одлични за пливање бидејќи за разлика од остатокот од островот таму нема опасни струи. Брановите кои создаваат пена им го дале името на базените.