Секој мост има доста едноставна мисија – да им овозможи на луѓето да стигнат од точка А до точка Б по најкус можен пат.
Но некои инженери и архитекти имаат малку побујна имагинација при дизајнирање на мостовите и создаваат неверојатно чудни мостови кои можат да збунат, восхитат и некогаш да решат комплицирани предизвици.
Tianjin Eye – Тианџин, Кина
Кога мост не е баш мост? Кога е рингишпил. Tianjin Eye е рингишпил висок 120 метри кој е сместен над реката Хаихе во северна Кина. Мостот завршен во 2007 година е составен од шест сообраќајни ленти а тркалото има 48 капсули со капацитет од по осум луѓе. Една ротација трае половина час и е совршена забава за луѓето заглавени во сообраќајни метежи.
Lego Bridge – Вупертал, Германија
Малку мостови можат да се пофалат со убава глетка одоздола. Овој доста обичен мост бил трансформиран во LEGO во текот на четири недели од уличен уметник познат како Megx.
Rolling Bridge – Лондон, Велика Британија
Архитектонската фирма Heatherwick studio го прифатила предизвикот да дизајнира мост преку тесниот Grand Union Canal а сепак да дозволи минување на бродови. Чудниот мост е составен од осум идентични сегменти кои се подигаат и спуштаат со ротирање. Секој пето на пладне мостот се подига – без оглед дали има брод или не – како забава за пешаците.
Потонат мост – Халстерен, Холандија
Градењето на мост преку вода е логично. Градење на мост низ вода е малку лудо. Ро Костер и Ad Kil Architects создале неверојатен потонат мост во Халстерен за минување преку дефанзивниот ров на Fort de Roovere, изграден во осумнаесетиот век за да ја заштити Холандија од инвазија на Франција и Шпанија.
Falkirk Wheel – Фалкирк, Шкотска
Серија од 11 комори порано им помагало на бродови да се искачат 35 метри од Union Canal до Forth and Clyde Canal. Кога коморите биле расклопени во 1933 оваа витална транспортна линија била прекината. Во обид повторно да ги спои двата канали во 2002 година, British Waterways го изградиле Falkirk Wheel, чудна конструкција која им дозволува на бродовите да впловат во комора по што тркалото ја носи комората до другиот канал.