Најчитана статија за 2012 година на 365

Трогателната приказна за еден македонски гејмер во 2012 година освои најбројна публика на 365.com.mk.

Дуле или уште познат во гејминг заедницата како Reddakh, е гејмер кој поради социјалните проблеми започнал со активно играње на онлајн играта Conquer.

Дуле своите денови ги поминувал во онлајн светот, по што станал и еден од најдобрите играчи, но за тоа платил цена и ги изгубил пријателите. Сепак, тој својата зависност ја претворил во излез од личните проблеми и на крај успеал да си го поврати животот назад.

Трогателно и искрено, ова видео ќе ви прикаже една поинаква реалност, реалност на која можеби никогаш не сте помислиле или пак не сте знаеле дека постои.

Режисер на докуметарниот филм е Владимир Митревски – Ѓуле.

[youtube]http://youtu.be/xwzwk1ZeJwY[/youtube]

Дополнување: Видеото беше повлечено од сопственикот на авторските права. За сега може да се гледа само трејлерот за овој документарен филм.

 

- Реклама -