Најчудните слатки на светот

chudno_choko_intro.jpg Сте пробале ли чоколади и бонбони од цвеќе, злато или сол? Сте виделе ли чоколадни скулптури повисоки од вас? Сте купиле ли чоколатца во форма на шпагети или суши? Десертната светска мапа ја направивме на база на необичност, а за среќа повеќето слатки се навистина евтини, па ако имате прилика – ризикувајте и пробајте ги.


Сте пробале ли чоколади и бонбони од цвеќе, злато или сол? Сте виделе ли чоколадни скулптури повисоки од вас? Сте купиле ли чоколатца во форма на шпагети или суши? Десертната светска мапа ја направивме на база на необичност, а за среќа повеќето слатки се навистина евтини, па ако имате прилика – ризикувајте и пробајте ги.

Јапонија – Wagashi
wagashi.jpg

Што е: Освен чудната комбинација од сладок компир и bean paste јапонските колачиња имаат и чудна форма – може да личат на суши, на цвеќиња, па дури и на гума за бришење.

wagashi_2.jpg

Какво е: Како не премногу благо желе

Каде и колку: Освен во Јапонија, може да се најде и во Њујорк и Париз, најчесто е изложено под стаклени витрини, па продавницата потсетува на златара иако колачињата воопшто не се скапи.
Лондон – Percy Pigs
percy-pig.jpg

Што е: Прв пат се појавуваат околу Првата Светска Војна, се прават со свинско сало, а се декорираат како глави на насмеани прасенца. Неодамна во британскиот Вог овие ситни колачиња беа опишани како модерни и отмени, што дефинитвно кажува нешто за стилот на Британците.

percy_pigs_2.jpg

Какво е: Вкусот на грозје и малина ќе ве потсети на гумени мечиња (кои за среќа не содржат мечкино сало)


Каде и колку:
Во Marks & Spencer, едно ќесиче чини помалку од педесетина денари.

Финска – Salt Licorice
salmiakki.jpg

Што е: Salt Licorice или salmiakki содржат обилна доза амониум хлорид (вид сол). Скандинавците се луди по salmiakki и ги користат за зачинување на вотка или риба, а често им се дава и на коњи и мајмуни.

salmiakki_2.jpg


Какво е:
Одвратно. Како мешавина од сладок корен, сол и амонијак. Финците убедуваат дека ќе го засакате вкусот.

Каде и колку: Насекаде во маркетите и кино салите низ Скандинавија, за помалку од долар.
Париз – Златни прачки, големи мечки
patrick-roger-sculpture-.jpg

Што е: Нема да се изненадите кога ќе сфатите дека токму Франција е државата каде чоколадното уживање се крева неколку скали погоре. Производителот на чоколади Patrick Roger стекна огромна слава поради комбинирањето на егзотични вкусови, но и поради неверојатните начини на презентирање на своите слатки – едно од најпопуларните пакувања на бонбони е долго скоро еден метар. Неговиот последен производ е пралине кое изгледа како грубо изделкана златна прачка (40 долари за една кутија).

{youtube}oSfSRrxVhZo{/youtube}
Какво е: Овие пралине се многу подобри од секојдневните – фантастично се растопуваат во устата, крцкавиот момент е добиен со комбинација од дробени лешници, какао путер и чоколадо обвиени со 24 каратно злато.
Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
choko_skulptura.jpg


Каде и колку:
Патрик Роџер има четири продавници, а дури и ако не купите ништо вреди да отидете и да ги видите сензационалните чоколадни скулптури – од пингвини во природна големина и чоколадни мечки до претседателот Саркози. Цената на мечките се движи меѓу 13 000 и 65 000 долари.

Мексико – Салсагети
salsagheti-candy-.jpg

Што е: Мексиканците се многу храбри (чудни) кога станува збор за слатките, многу нивни десерти содржат лути зачини. Сепак салсагетите се најнеобични – со вкус на лубеница и спакувани во туба од која излегуваат во форма на – шпагети!

Какво е: Комбинацијата од слатко-лути вкусови во форма на шпагети не им се препорачува на нежните непца во потрага по слатко задоволство.

Каде и колку: Во било каква продавница за помалку од долар.

Тајланд – Khanom Luk Chup
khanom-luk-chup-thailand.jpg

Што е: Марципанот е вообичаен десерт во многу култури и често се обликува во форма на ситно овошје, па дури и мали животни. Тајланд додаде особен печат со тоа што марципанот го прави со папуда (растение слично на грав), а потоа го обликува во форма на зеленчук, начесто пиперки. Сјајот се добива со мешавина од шеќер и јасминова вода.

khanom_luk_chup.jpg

Какво е:  Суптилен вкус на кокос со цветна арома.

Каде и колку: На уличните пазари во Банког може да си купите цело купче за само 3 долари.

Мадрид – Виолетови слатки
la-violeta-.jpg

Што е: Локален производител, Мариано Гил, почнал да ги прави во 1915 година – и оние зашеќерени со виолетова боја, и ситните колачиња во форма на цветови правени со екстракт од љубичици. Оттогаш Шпанците едноставно ги обожаваат.

violet_kolachi.jpg

Какво е: Цветно и зашеќерено
violet_kutii.jpg

Каде и колку: Во двете продавници La Violeta кои се познати по пакувањето (вклучувајќи стаклени и порцелански кутии) колку по самите колачиња. Во оваа продавница купувале и кралеви, па не е чудо што цената на неколку виолетови колачиња се движи од 60 до 150 долари.

Австрија – Mozartkugeln
mozartkugel.jpg

Што е: Чоколадираните бонбони не се толку екстремни, но приказната околу нив е доста контроверзна. Прв пат се направени во Салцбург во доцните 1800ти, во чест на Моцарт. Но, производителот не го заштитил својот изум, па истоимени копии може да се најдат насекаде низ Австрија и Германија. Како да знаете дека се лажни – рамна површина на било кој дел од сферата е знак за индустриско производство.

mozartkugel_2.jpg

Какво е: Прифатливо за љубителите на чоколадо – марципан од ф`стаци прекриен со нугат.

Колку и каде: Во четирите Fürst кафулиња, за околу 2 долара.

Екстремна храна

- Реклама -