Низ историјата на Олимписките Игри, маскотите на спортските натпреварувања биле специфични и интересни. Креативноста и симболиката на земјите тргнува од снежни луѓе со тиролски капи, мраз и снежни топки, се до старогрчки богови и други интересни суштества. Во продолжение ви ги претставуваме најчудните олимписки симболи во историјата.
За маскота на зимската Олимпијада 1976 Австријците избрале снешко. За разлика од „класичните модели“ Scheeman бил направен само од една снежна топка, крунисана со тиролска шапка. Изгледот на „Олимпискиот снешко“ е сличен на ликовите од рекламата на m ‘&’ m’s.
Канаѓаните создале нов тренд – олимписки маскоти во пар. Зимата од 1988 година тие му го подариле на светот својот пар бели мечки, облечени во каубојски стил. Нивните имиња се Hidy и Howdy и двете почнуваат со поздравот “hi”.
Во текот на летото, 1992 година дизајнерите од DESIGNefx измислиле Whatizit – Чуден лик од непознат биолошки вид. Оваа смешна маскота толку им се допаднала на Американците што во 1996 година ја „преродиле“. На Олимписките игри во Атланта синото суштество сепак малку си го променило имиџот и било претставено на публиката со името Izzy .
Зимскиот олимписки симбол, истата година –1996, изгледа не помалку интересно. Романтичните Французи го претставија Magique – хибрид помеѓу човек, ѕвезда и снегулка. Според концептот на неговите творци оваа маскота е олицетворение на синтеза меѓу сонот и фантазијата.
Зимските олимписки игри 1994 во Норвешка се одржаа под покровителство на кукли со костуми на Викинзите. Странските гости истакнаа дека насмеаните лица на Хекон и Кристин не се врзуваат со облеката на суровите воини.
Бидејќи домаќини на Летната олимпијада во 2004-тата година беа Грците, истите побарале инспирација во историјата. При тоа се насочиле и кон богатата фантазија, поврзувајќи ги минатото и сегашноста во сликите на своите талисмани. Старогрчките богови Феб и Атина биле претставени како радосни кукли со несразмерно големи стапала.
Италијанците не се малтретирале со премногу размислување пред Зимската олимпијада 2006 и ги избрале за маскоти на игрите „девојката-снежна топка -Neve“ и „момчето мраз -Gliz“ .
За Олимписките игри 2008 Кинезите содадоа дури пет маскоти. Гостите беа пречекани од рибите Beibei, пандата Jingjing, олимпискиот оган Huanhuan, тибетската антилопа Yingying и ластовичка Nini . Бројот и боите на маскота одговараат на прстените во амблемот на Олимпијадата.
Канаѓаните биле домаќини на Игрите во 2010 година и се ограничиле „само” со четири маскоти. Сликите на овие слатки животинки се земени од популарните во Северна Америка „урбани митови” и се дополнети со „спортска легенда”.
За минатогодишната Летна Олимпијада Британците ни приготвија доста урбанистички симбол – Wenlock и Mandeville . Овие „живи капки” се крстени по гратчето натпревар-Венлок и болницата во Сток-Мандевил , бидејќи токму на овие места биле спроведени првите игри налик на Олимписките.