Периодот на економската криза е совршено време да ве потсетиме на најчудните и најнепотребните места за дијаманти, а со тоа и да апелираме (за сите милијардери што не` читаат на 365) кога банките повторно ќе се наполнат да не ги трошите парите на апсолутни глупости. Овде спаѓаат чоколадите од злато и плочките со дијаманти.
Периодот
на економската криза е совршено време да ве потсетиме на најчудните и
најнепотребните места за дијаманти, а со тоа и да апелираме (за сите
милијардери што не` читаат на 365) кога банките повторно ќе се наполнат
да не ги трошите парите на апсолутни глупости. Овде спаѓаат:
Natascha Marx и уметникот Tobias Berger ги соединија силите за Diamonds in Glass. Ова вклучува луксузни вински чаши, садови за кавијар, украсни прстени за салфетки, а сето тоа е украсено со дијаманти. Обичната едиција е со проѕирно стакло, а црната е секако со црно стакло на кое го гледате отсјајот на дијамантот вграден на дното на чашата.
Чинат 400 000 долари. 5 јувелири работеа 3 месеци и ги направија овие скапи чаши длабејќи 8кг кварц кристал. Шампањ чашите со 1700 бели и розови дијаманти беа изложени во Лондон, а ги купи бизнисмен од Мелбурн.
Да, на чешмата во wc. Дизајнот е на архитектот Nilo Gioacchini, а украсот се состои од злато и лента од 282 дијаманти.
Швајцарската компанија за чоколадо Cocoa Gourmet ја креираше т.н. Royal Collection – 12 чоколади направени со злато, сребро и дијаманти што се безбедни за јадење. Колекцијата од четири 22 каратни златни чоколатца, четири од чисто сребро и четири попрскани со дијаманти чинат 1250 долари.
Barney’s Bling нуди пар дијамантски парчиња накит и за луѓето и за нивните миленичиња. Тоа се привезоци од мала кучешка коска и дијамантски отпечаток од срце-шепа на 18 каратно бело злато. Цените за големата и малата верзија е 4 830, односно 3 150 долари. Ако е некаква утеха, 10% од профитот се наменува во хуманитарна цел.
Ѕидните и подни плочки од Pietra Firma се продаваат за 1 милион долари за метар квадратен. Плочките имаат над 1000 оригинални дијаманти, како и илјадници други скапоцени материјали како бисер и црн оникс.