Најчудните лекови против мамурлак

Повеќе... Го нарекуваат на различни начини: Данците – „Столарите што тропаат“, Германците – „Лелекот на мачките“, а Французите  – „Дрвена уста“, но секаде значи истото нешто: раздразлив стомак, главата е на пат да експлодира, чудни вкусови во устата. Следниот пат кога ќе го почувствувате страшното „денот потоа“ чувство можете да пробате некој од овие лекови. Се разбира, доколку ги пробате, не е гарантирано дека нема да зажалите повеќе одошто за бројот на пијачките кои сте ги испиле претходната вечер.


Мамурлукот е цената која ја плаќаме за забавата која сме ја имале претходната вечер. Го нарекуваат на различни начини: Данците – „Столарите што тропаат“, Германците – „Лелекот на мачките“, а Французите  – „Дрвена уста“, но секаде значи истото нешто: раздразлив стомак, главата е на пат да експлодира, чудни вкусови во устата. Следниот пат кога ќе го почувствувате страшното „денот потоа“ чувство можете да пробате некој од овие лекови. Се разбира, доколку ги пробате, не е гарантирано дека нема да зажалите повеќе одошто за бројот на пијачките кои сте ги испиле претходната вечер.

Jack Rabbit чај
q7267913_1007829_rabbitdroppingstea.jpg
Дивиот запад беше земја на вискито, жените и пиштолите, па откако вискито и пукотниците ќе завршат, потребно е нешто со што каубоите треба да си ги смират стомаците – нешто како на пр. топла вода со зајачки измет. Не постои медицински доказ дека вода со преџвакани растенија би било олеснувачко во случај на лош мамурлак, но повеќе од сигурно е дека тоа нема да ви помогне и со утринскиот лош здив.
Сауна
q7267913_1007829_russiansauna.jpg
Во Русија за да го излечите мамурлакот ќе треба да го најдете патот до најблиската Бања или сауна.  Откако ќе се најдете таму, можете да се гужвате во соба полна со пареа и голи мажи со руски капи и да чекате топлината да го прочисти вашето тело од токсините. Дел од ритуалот вклучува и како контрапункт на седењето на топло во сауна да се плиснете со ладна вода, да се изладите на ладен ветар или да се плеснете во снег. Доколку мамурлакот не ве напушти за брзо време можете да го забрзате процесот така што ќе се удирате со гранки од бреза.
Течност од кисели краставички
q7267913_1007829_picklejuice.jpg
Доколку идејата да јадете нешто прави да ви се превртува во стомакот, секогаш можете да пробате некоја лековита течност – како на пр. сок од кисели краставички. Наводно, ефективноста во овој случај се должи на високото ниво на електролити и минерали во оваа течност. Ако ви е потребно нешто појако, секогаш е тука расолницата.
Пенис од бик
q7267913_1007829_driedbullpenis.jpg
Сицилијанците порано верувале дека мамурлакот може да се лечи со помош на мистичните лековити својства на исушен пенис од бик.
Пржени канаринци
q7267913_1007829_friedcanary.jpg
Античките Римјани изгледа не ги обожавале баш многу овие пердувасети животинки, особено кога страдале од контра ефектите наредниот ден после нивните познати оргии. Канаринците тогаш им биле на мета и за да ги спречат овие малечки певливи птици за да им пеат весели песни рано наутро, тие ги замолчувале засекогаш такашто им ги сечеле главите, им ги кубеле пердувите и ги ставале нивните малечки тела во жешко масло. Крцкавите канаринци биле сметани за начин да се излечи мамурлак во тишина.
Овчи очи
q7267913_1007829_sheepeyes2.jpg
Во делови од Монголија лекот за мамурлак е напиток од овчи очи во сок од домати. Не сме сигурни колку е лековито очи кои се позакрвавени од вашите да зјапаат во вас.
Николашка
q7267913_1007829_nikolashka.jpg
Заслугата за откривањето на овој руски лек против мамурлак му припаѓа на царот Никола II, кој очигледно имал челична волја и не толку добро сетило за вкус. Рецептот е во тоа да се земе парче лимон, врз него да се стави 1 мала лажица шеќер, исто толку кафе на врвот и сето тоа да се изеде во еден залак.

Umeboshi
q7267913_1007829_umeboshi2.jpg
Доколку сте се опиле со Саке, тогаш треба да го пробате јапонскиот рецепт за мамурлак –  umeboshi, зелени закиселени сливи со сол од кои ќе ви дојдат солзи на очите и ќе ја разбистрат и најмагливата мисла во главата.
Вуду магија
q7267913_1007829_voodoo.jpg
Доколку не се плашите од малку црна магија, можете да пробате наместо да го излечите, да го спречите мамурлакот на њуорлеански начин. Пред да го отворите шишето, проколнете го за да ги исплашите и да ги избркате лошите демони. Во моментот кога ќе го испиете, истресете пепел од цигара во шишето и искажете го своето покајување, за да склучите мировен договор со духовите кои можеби се наоѓаат во алкохолот што сте го конзумирале. Ако сте во Хаити, наместо пепел од цигари, ќе треба да носите доволно игли за да забодете по 13 на секоја тапа од шишето што сте го испиле.

Прочитајте и:  Ова е алкохолниот пијалок кој најмалку му штети на црниот дроб, советува хепатолог
- Реклама -