Најчудниот оглас за изнајмување стан

СтанАко некогаш сте помислиле дека се соочувате со неразумни барања од луѓето од кои сакате да изнајмите стан, тогаш дефинитивно мора да го прочитате овој оглас. По ова, веќе ништо нема да е исто во бизнисот со изнајмување станови.

Ако некогаш сте помислиле дека се соочувате со неразумни барања од луѓето од кои сакате да изнајмите стан, тогаш дефинитивно мора да го прочитате овој оглас. По ова, веќе ништо нема да е исто во бизнисот со изнајмување станови.

СтанСтанот се наоѓа во центарот на Фредериктон, Њу Бранзвик, Канада, блиску до сѐ. Месечната кирија е 650 долари.

Опис:
-Стан со една спална, со посебен влез;
-Опремен со модерни апарати;
-Приближно 60 метри квадратни;
-Има неколку прозорци! На нив се поставени решетки, за ваша заштита и за спречување неовластени активности;
-Безбедносни камери се поставени за ваша сигурност и безбедност. Една во апартманот, една на влезот и една во дворот за вежбање.

Кирија:

-Месечната кирија е 650 долари. Киријата за првиот месец се плаќа однапред, плус депозит од ? месеци, што се плаќа при вселување;
-Дозволен е мал миленик, со одобрение и дополнителен депозит за евентуалните штети предизвикани од истиот;
-Дозволен е закуп на една година, но не и на 8 месеци;
-Специјална понуда од газдите: Вселете се пред 1 ноември и не мора да плаќате за остатокот од октомври. Тоа е значителна заштеда.

Во киријата е вклучено:

-Сметка за струја;
-Греење, заклучено до 21 степен, за да се спречи неовластено подесување. Дополнителното греење чини 20 долари месечно. Не смеете да ја користите рерната за да го греете станот. Казната за секој таков случај е 50 долари;
-Климатизација, заклучена до 25 степени во лето. Секој дополнителен степен подолу ќе ве чини уште 20 долари месечно;
-Зенит телевизор со екран од 63 см, со основен пакет кабелска телевизија;
-Безжичен интернет (со филтер за содржина што ги блокира забранетите/неморалните содржини);
-Обезбедување жетони за машините за перење и сушење. Секој жетон за машините чини по 2 долари. Забрането е користење странски валути или парички. Секој прекршок ќе се казнува со 100 долари.

Опис на газдите:

Ние сме конзервативни преродени евангелисти, кои веруваат во Библијата и се побожни. Буквално ја интерпретираме Библијата на секој можен начин. Живееме според строг морален код и ги почитуваме божјите закони во секојдневниот живот. Мојата сопруга е домаќинка која ги подучува нашите деца, кои се образуваат дома. Јас работам како свештеник во една локална црква и сум активен во духовната заедница.

Опис на станарот:

-Вработени сте;
-Не учествувате во сластни, девијатни сексуални активности;
-Алтернативниот животен стил не е ваш животен стил;
-Немате криминално досие;
-Мора да имате одлични карактерни препораки;
-Не пушите, не пиете и не се дрогирате. Задолжителни се тестовите за дрога.

Дополнителни правила и услови:

-Чистота: Вие сте одговорни за чистотата и уредноста на станот. Креветите мора да бидат наместени пред излегување, работните маси мора да се избришани и мора да се фрли сето ѓубре. Доколку при инспекција, подрумскиот апартман на станарот не е чист, трошоците за чистење, плус казна од 100 долари ќе му бидат пресметани;
-Осветлување: Забрането е допирање на светилките во подрумскиот апартман и во дневната соба. Доколку е потребна поправка, пријавете кај газдата.
-Будење: Будењето секое утро е во 5 часот. Светилките на таванот се вклучуваат автоматски.
-Легнување: Светилките на таванот автоматски се исклучуваат во 22:30.
-Забранети предмети: Следниве нешта се сметаат за забранети: алкохол, дрога, тутун, оружје, опрема за обивање брави. Ако биде откриен каков било забранет предмет во ваш посед, ви следува минимална казна од 100 долари. Дополнително, предметите трајно ќе бидат конфискувани. Повторувањето на прекршокот ќе резултира со исселување без предупредување. Судски службеник ќе ве отстрани од имотот заедно со вашите предмети. Депозитот нема да ви биде вратен.
-Пушење: Во подрумскиот апартман е забрането пушење. Секој што ќе биде фатен со какви било тутунски производи или запалки и ќибрити, ќе добие казна од 100 долари, а забранетите предмети ќе бидат конфискувани.
-Инспекции: Газдата ќе спроведува ненајавени инспекции за да потврди дека се почитуваат правилата и прописите;
-Посети: Периодот за посети е во сабота и недела, од 13 до 15 часот. Сите посетители и нивните возила се достапни за претрес додека се на имотот на газдата. Доколку одбијат претрес, тоа може да доведе доведе до забрана за понатамошни посети. Сите посетители мора да се потпишат во дневникот за посети. Неовластените посетители ќе бидат отстранети од имотот, а станарот ќе биде казнет со 150 долари;
-Идентификација: Сите станари ќе добијат картичка за идентификација со нивна фотографија. Истата мора да ја имаат на себе во секое време. Доколку ја загубите или ја оштетите, ќе мора да купите нова, по номинална цена од 50 долари;
-Дворот за вежбање: Станарот ќе има пристап во дворот за вежбање, на задниот дел од имотот, 2 часа дневно, помеѓу 16 и 18 часот. На станарот не му е дозволено да носи лични предмети во дворот за вежбање. Штом ќе замине од дворот за вежбање во одреден ден, веќе не смее да се враќа. Вревата е забранета во дворот за вежбање. Во дворот за вежбање е забрането пушење. Минималната казна за прекршување на правилата во дворот за вежбање е 50 долари. [1 bedroom with small extra den/storage]

- Реклама -