„Граѓаните на Македонија нема да излезат од ќе*ефот во кој се наоѓаат се додека ДУИ има влијание во управувањето со државата и одлучување од позиција на владејачка структура“, пишува денеска на Фејбук професорката Мирјана Најчевска.
„Како што реков: ДУИ е банда на криминалци кои ги држат во заробеништво сите граѓани во Република Македонија.
Нивното делување се сведува на два вида активности:
1. Прво, активности кои се директно насочени кон остварување личен бенефит и профит со легализација на крадењето, измамите, рекетот, дискриминацијата, уништувањето на животната средина, корупцијата, заканите, … Секое министерско место, секое директорско место, секое амбасадорско место, секое градоначалничко место, секое пратеничко место, … се предмет на купување и продавање, имаат цена и однапред предвидени обврски кон главата на криминалното здружение.
2. Второ, активности кои се насочени кон дигање магла со која се затскриваат крадењето, измамите, рекетот, дискриминацијата, уништувањето на животната средина, корупцијата, заканите, … Секоја националистичка изјава или наводно постигнување на повеќе јазични, културни или идентитетски права за Албанците во Македонија се само прашина во очите на истите тие луѓе за да не видат кога ги крадат, мамат, рекетираат, дискриминираат, корумпираат, им се закануваат и им ја уништуваат средината во која живеат.
ДУИ е мафијашки организирана и на нејзиното чело се наоѓа кум – Али Ахмети кој ги понижува, омаловажува, казнува или наградува своите потчинети.
Во моментов Собранието нема претседател туку потрчко на Али Ахмети, кој му слугува на кумот, му принесува вода, му пали цигари, му ја сецка храната во чинија, а можеби му ги мие и нозете (ова последново уште не е направено ред очите на јавноста).