Фејсбук статус на проф. Мирјана Најчевска
Да успеавме да ја зачуваме СФРЈ денес ќе го прославувавме денот на нејзиното создавање. Не успеавме да ја зачуваме. За мене беше и останува прекрасна творба, сон на генерации просветители и борци, резултат на работата на илјадници луѓе кои верувале дека на овие простори може да се живее убаво и заедно.
СФРЈ беше уникатна творба, во пракса спроведена преубава имагинација и подотворен прозор кон тоа како би можела да функционира иднината. Прекрасна, испуштена шанса за еден поинаков развој и живот за сите луѓе на овие простори.
Сигурно дека имаше мани, и проблеми, и недоследности и грешки. и секако онаа најголемата грешка – потценување на моќта на eтнo-нaциoнaлизмот.
Јас не сум Југоносталгичар. Не мислам дека може ниту пак дека треба да се врати СФРЈ. Меѓутоа мислам дека треба да ги имаме предвид сите непроцениви искуства на градењето и развојот на СФРЈ, единствените идеи за управувањето и градењето на општетсвените односи, и, посебно, неортодоксниот систем од вредности кои можат да бидат употребени во решавањето на проблемите со кои се соочуваме денес.
Не ја зачувавме државата, ајде да пробаме да не го заборавиме искуството.
https://www.youtube.com/watch?v=CQ45TzmVxak