Најчестите модни грешки кои ги прават мажите

Не е страшно ако не знаеш. Страшно е ако и втор пат не знаеш. За да не ги повторите грешките што сигурно сте ги направиле, продолжете да читате:

 

Носење преголема или премала гардероба

Тоа е огромна грешка во модната индустрија, но и во очите на сите оние со малку вкус за облекување. Ваквата грешка оддава впечаток дека не сте го освежиле гардероберот од 16-тата или дека сте толку мрзеливи да пробувате облека, па ја купувате на невидено. Совршената големина на облеката оддава и таков впечаток – совршен.

 

Неуредна брада

Никој не сака нерамномерна и „расчупана“ брада. Посветете внимание на обликот на лицето и избричете се во слад со него. Неуредната брада ретко изгледа добро.

 

Премногу бои и различни ткаенини

Ништо не е добро кога е претерано. Премногу детали, премногу бои, премногу ткаенини… Комбинирањето на боите и ткаенините во склад со годишното време е клучот на добриот изглед. А што поедноставно – подобро.

 

Чорапи и сандали

Ај што е кардинална грешка, ама и ќе ви се смеат. Ова е недозволени и никако не е карактеристика на мажот со стил. Немој вие да сте метата на туѓиот потсмев, додека луѓето се прашуваат што не е во ред со вас.

- Реклама -