Сите знаеме каде завршуваат лошо напишаните кратки биографии. Претераното фалење, правописните грешки – нема никаде да поминат.
Многу луѓе не се ни свесни колку лоши кратки биографии им испраќаат на работодавачите. Еве на што треба да внимаваш:
1. Што помалку, тоа подобро
Кратката биографија не е автобиографија. Истакни ги најважните работи, а дел остави за тогаш кога ќе те викнат на разговор. Премногу информации и податоци може да имаат контраефект. Но, ако баш ништо не сакаш да изоставиш, внимавај на редоследот. Најважното истакни го на почетокот.
2. Биди реален/на
Важно е да ги истакнеш твоите добри страни и досегашни постигнувања, но остави нешто работодавачот сам да процени. Луѓето не сакаат претерано фалење и затоа е важно да бидеш реален/на. Секогаш е подобро некого да изненадиш отколку да разочараш.
3. Фотографија
Приложената фотографија може да биде само позитивен потег, но многу е важно таа да биде примерна. Тоа не е избор за мис или твојот профил на Фејсбук
4. Препораки
Можеби мислиш дека е доволно само да напишеш каде до сега си работел/а, но некои бараат повеќе. Нема да ти треба многу време за да добиеш препораки од претходните работодавачи, а тие може да ти бидат само дополнителен плус.
5. Концентрирај се на конкретни акции
Многу експерти истакнуваат дека пожелно е да се избегнуваат термини како „вреден/на, упорен/на, тимски играч, со леснотија ги решавам проблемите“ и слично. Подобро истакни конкректни акции каде си го покажал/а тоа.
6. Правописни грешки
Задолжително внимавај на нив затоа што за работодавачите може да бидат многу иритантни. Ако е потребно, провери го буквално секој збор како се пишува и дали правилно си го напишал/а на тастатурата.