Најчестите грешки кои ги прават сопствениците на домашни миленичиња

Не ги третирајте милениците како луѓе и никогаш не ги возете во автомобил неврзани.

Следат неколку совети од стрични лица за домашните миленици.

1. Не го бирате домашното милениче кое одговара на вашиот животен стил

Мора да бидете реални во однос на времето кое можете да го посветите а својот миленик. Колку време имате за шетање, тренинг и игра?

2. Го третирате како човек

Сопствениците на домашни миленичиња често забораваат дека мачките и кучињата не се луѓе со крзно. Убаво е да се има миленик како дел од семејството, но мора да знаете дека животните имаат свои потреби.

3. Ги храните со варени коски

Варените коски претставуваат опасност бидејќи постои опасност да се заглават во устата или хранопроводот. Секогаш хранете ги со сурови коски.

4. Не инвестирате доволно во дресирањето

Дресурата на кучето ќе има големо влијание на неговото однесување како возрасно куче. Важно е да се подолжи со дресурата за време на адолесценцијата бидејќи тоа е времето кога хормоните „беснеат“ и кучињта стануваат лесно раздразливи.

5. Не им обезбедувате доволно ментална и физичка активност во текот на денот

Кога долго време не сте дома, важно е вашиот миленик да има што да прави. Треба да биде шетано пред да излезете од дома и да му оставите некаква активност. На пример, кучињата можат да се забавуваат со интерактивните играчки за џвакање, а на мачките им требаат предмети по кои можат да се качуваат и да ги гребат.

6. Мислите дека е слатко што вашиот миленик е здебелен

Тоа е еднакво опасно за милениците, како и за луѓето. Дебелината ги прави чувствителни на голем број здраствени проблеми, вклучувајќи ги и срцевите заболувања и дијабетесот.

7. Не внимавате на денталната хигиена на миленикот

Гингвидот е вообичаена појава кај домашните миленици и може да предизвика голема болка. Миленичињата треба да одат на редовни прегледи на забите и да се хранат со тврда сува храна, и идеално, сурови коски.

8. Заборавате да ажурирате информации за идентификување

Чест проблем, но е важно вашиот миленик да има некакви информации за идентификување во случај да биде изгубено.

9. Мачката не ја чувате во затоврен простор

Мачките кои живеат во затворен простор често живеат подолго од оние кои живеат надвор, бидејќи не се во опасност да бидат удрени од автомобил, да се заразат или да бидат нападнати од други животни.

10. Миленичето не е осигурано во автомобилот

Ако нагло закочите или доживеете сообраќајна незгода, миленичето кое седи неврзано лесно ќе излета низ предното стакло. Сопствениците на кучиња мора да го врзат или да обезбедат кошница за мачки додека ги возат во автомобил.

- Реклама -