Дали постои потреба од вакцини во денешни услови на добра хигиена, санитација и исхрана?
Вакцините се неопходни. Добрата хигиена и санитација, чистата вода и квалитетната исхрана не се доволни целосно да ги сопрат заразните заболувања. Сите овие фактори донекаде ги штитат луѓето од заболувања, но сепак тие се шират без оглед на тоа колку е чиста околината во која живееме. Најголемото намалување на стапката на болести кои може да се превенираат со вакцина се случило по воведувањето на соодветната вакцина.
Дали треба да се прима вакцина против заболувања кои ги нема во нашата земја?
Иако заболувањата кои може да се превенираат со вакцина не се присутни во голем број земји, инфективните агенси коишто ги предизвикуваат (вируси, бактерии) сè уште циркулираат во одредени делови од светот. Во денешниот свет на лесно достапни патувања тие можат многу лесно да преминат која било граница и да инфицираат некој што не е заштитен. Во многу европски земји се јавуваат епидемии на мали сипаници кај невакцинираната популација.
Дали некои здравствени состојби може да ја одложат вакцинацијата?
Секогаш кога прима вакцина, детето треба да биде здраво и во добра општа состојба. Потребно е да го информирате вашиот избран лекар (педијатар) ако вашето дете е болно или има висока температура, ако имало силна реакција на претходно примената вакцина, ако има некој вид алергија и ако зема лекови кои имаат влијание на неговиот имунитет. Овие здравствени совети не мора секогаш да бидат причина за одложување на вакцинацијата. Лекарот ќе процени кои вакцини и кога треба да ги прими вашето дете.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕ СЕКОЈ РОДИТЕЛ?
Целата статија на Ре- Медика