Најчести лаги кои родителите им ги кажуваат на децата

Експертите често кажуваат дека со децата треба да се биде искрен, но секој што има дете знае дека таа теорија не поминува баш најдобро во пракса. Таквите „бели лаги“ почнуваат од најрана возраст, бидејќи го прават животот на родителот многу полесен. Некои траат и до подоцна, па веројатно родителите се уште ве убедуваат да јадете од брокулата бидејќи е многу вкусна.

1. И тато и мама сега ќе си легнат

Понекогаш е вистински тешко да ги натерате децата да легнат на спиење, но ако родителите им кажат дека и тие си легнуваат, убедувањето ќе биде побезболно. Се разбира, место легнување родителите ќе го искористат тоа време за да се видат на раат, да изгледаат некоја серија или филм или пак да проверат што има ново на интернет.

2. Пробај го ова, многу е вкусно

Ова е една од оние работи што родителите не престануваат да ги прават без разлика на возраста на нивните деца. Секој родител сака неговите деца да се хранат правилно и здраво, но исто така знае и дека помфритот е повкусен од брокулата.

3. Тоа е одличен цртеж

Децата сакаат да цртаат, но не е секое дете уметнички талентирано. Сепак секој родител ќе му каже на своето дете дека цртежот е одличен, дури и во ситуацијата кога не знае дали на цртежот е некој пејзаж, еднорог или Бетмен.

4. Еј, се расипа телевизорот/компјутерот

Технологијата е дел од животот на децата уште од најмала возраст, па тие вистински многу сакаат да ја користат и да гледаат цртани, да играат игри и во основа да ве спречуваат вие да ги користите. Наједноставното решение е родителите да им кажат дека нешто не работи. Сепак, маната на оваа лага е што ако родителот каже дека компјутерот се расипал, не може потоа самиот да седне и да сурфа на него.

Parents.Kids_

5. Не земаме милениче бидејќи си алергичен на влакната

Оваа лага стапува во функција кога децата ќе почнат да бараат милениче. Аргументот дека нема кој да се грижи за мачето или да го шета кучето, не поминува баш најдобро кај децата, па „алергијата“ е решение за мир во домот.

6. Бебињата се создаваат кога двајца луѓе се сакаат

Оваа изјава не е лага, но затоа пак не кажува дека бебињата се создаваат и кога ќе пукне кондомот, кога мама ќе заборави да го земе антибеби апчето или пак кога двајца луѓе ќе испијат малку повеќе и ќе се занесат. Секој возрасен знае дека сите бебиња не се резултат на романтичната и силна љубов.

7. Дедо Мраз нема да дојде ако не ме послушаш

Веројатно има и други начини да се убеди некое мало и темпераментно дете да направи нешто, но големи се шансите дека ништо не е подеднакво ефикасно како заканата дека Дедо Мраз нема да донесе поклон.

kid2

8. Немаме веќе сладолед

Имаме, ама не за тебе. Кога ќе те легнеме на спиење, ќе си го отвориме нашиот сладолед скриен на највисоката поличка во замрзнувачот, веднаш зад замрзнатата манџа.

9. Не можеме да одиме сега, продавницата за играчки е затворена

Не им е лесно на родителите да се изборат со фразата „купи ми!“, а аргументите како „парите ги чуваме за сметки/одмор/нова облека“ или „уште не е стигната платата“ во детскиот свет не се валидни. Затоа продавницата за играчки е затворена.

10. Мама и тато си играа борење

Што можат да му кажат родителите на детето кое туку што им влегло во соба додека се „бореле“? Детските соби и клучевите на вратата се измислени за вакви работи, а уште подобро функционира праќањето на дедето на гости кај баба и дедо.

- Реклама -