Некои тврдат дека фармерките и не се перат во машина, но повеќето од нас го прават тоа најмалку еднаш неделно, заедно со друга облека. За вашите сини или црни фармерки да изгледаат подолго како нови, внимавајте на ги избегнувате овие грешки кои ја уништуваат бојата.
1. Не ги превртувате наопаку
Без разлика на кој циклус сте избрале, перењето и сушењето е штетно за бојата. За да ја минимизирате измивањето на бојата, превртете ги фармерките наопаку и ставете ги во машината за перење. Исто така, закопчајте ги сите копчиња и патенти кои се на нив.
2. Ставате премногу облека во машината
Што повеќе облека ставите во машината, побрзо ќе се измијат, но толку повеќе ќе страда бојата на фармерките. Без простор за движење наоколу, може да дојде до залепување и рабовите да пукнат. Облеката треба да кружи и циркулира слободно за да се исчисти темелно и да не искочат од машината стуткани како крпа.
3. Избирате погрешен циклус
Колку подолго сакате вашите фармерки да изгледаат како нови, толку понежен циклус на перење треба да изберете. Рачното миење и сушење на сонце во тој случај се најприкладни, но не во смисла на времето и напорот. Освен ако вашите фармерки не е многу валкани, најдобро е да ги миете во ладна вода. Изберете било кој помек циклус и сушете ги на ниска тепмература.
4. Не користите детергент за обоени алишта
Посебните детергенти за темна облека навистина делуваат. Имаат состојки кои ја задржуваат бојата и го деактивираат хлорот во водата која може да ги избледее. Ако сакате да ја задржите бојата на темните фармерки, вреди да се инвестира во овие детергенти.
5. Предолго ги сушите
Ако предолго ги оставите да се сушат во сушална, ткаенината ќе се собере и „изгори“. Сите ткаенини, а особено фармерката, пожелно е да се извадат од сушалната додека се сеуште малку влажни. Едноставно оставете ги на сонце да се доисушат.