Најбрзо се слабее со згоден тренер

Членарина што се плаќа однапред, вежбање со друштво како и згоден инструктор најлесно ќе ги поттикне луѓето повеќе да се потрудат за да ослабат.

Најмоќна комбинација за побрзо губење на вишокот килограми и зацврстување на мускулите за повеќето луѓе е запишување во теретана или во фитнес центар со пријател, покажа студијата на Универзитетот Мичиген спроведена на 2 000 луѓе. Така луѓето кои плаќаат вежбање и го прават тоа во групи постигнуваат резултати и до три пати побрзо отколку што би постигнале со диета и со вежбање во своите домови и без партнер за тренинг.

New-Group-Ex-Pic

Тимската работа на групните тренинзи најлесно ги мотивираат луѓето на повеќе труд затоа што така на себе и на другите сакаат да докажат дека можат да издржат, објаснуваат спортските психолози кои таа појава ја нарекуваат и „ефект за најбрзо губење килограми“.

Одличен мотиватор за вежбање се и привлечните инструктори со тело во топ форма затоа што тие се показател како би можеле да изгледате ако повеќе се потрудите.

group-ex-image

Клучен фактор е и плаќањето однапред затоа што голем број луѓе се водат од филозофијата дека не сакаат да пропуштат нешто што платиле. Плаќањето месечна, полугодишна или годишна чланарина во спортски центар така станува самоволна принуда што функционира.

- Реклама -