Главниот лик во Halo серијата на видео игри за транспорт го користи сенаменскиот теренец Warthog. Но откако ќе го види амфибиското возило Scamander, тој би можел да побара замена.
Возилото било замислено од Питер Вилер, кој 23 години бил сопственик на британскиот производител на спортски автомобили TVR. Но тој не доживеал да ја види реализацијата на неговиот сон. Неговата сопруга и тим инженери решиле да го создадат возилото по што магазинот Evo го извршиле тест возењето.
{youtube}L9oTLMwpTbc{/youtube}
На копно Scamander достигнува максимална брзина од околу 190 километри на час а V6 моторот од 300 коњски сили му овозможува забрзување од 0 до 100 за околу осум секунди. Тое е доста импресивно постигнување со оглед на тоа што Scamander може да се справи со секаков терен а дури и водените површини не му се пречки. [The high-speed amphibious all-terrain vehicle that would make even Master Chief jealous]