Најбогатите луѓе во историјата

intro_rich.jpg Кој е најбогатиот човек на сите времиња? Bill Gates и Warren Buffet сигурно не се на листата. Зборуваме за многу повеќе пари.


Кој е најбогатиот човек на сите времиња? Bill Gates и Warren Buffet дефинитивно не се на листата. Зборуваме за многу повеќе пари.
Листата е составена нивната најголема заработка.

John Davison Rockefeller $318.3 милијарди

john-d-rockefeller_1.jpgКога бил млад John davison Rockefeller рекол дека неговите две најголеми амбиции се да живее 100 години и да заработи 100 000 долари. За жал за малку не успеал да доживее 100 години, но тоа што го зарабоитл било далеку над 100 000 долари.
Rockfeller не бил роден во богато семејство. Неговиот татко би мрзелив човек кој најголемиот дел од времето го поминувал размислувајќи како да ја избегне работата. Единствена која позитивно влијаела на John била неговата мајка која го воспитала да биде трудољублив човек.
Првото негово работно место било како чувар на книги на 16 годишна воздраст. Својата хуманост ја искажал уште со првата плата, со што 10% од заработката ги донирал во добротворни цели. А добрината му се исплатила.
Неговото богатство најмногу се зголемило откако ја основал својата фирма Standard Oil која за кратко време, некои сметаат илегално, станала монопол, држејќи 90% од пазарот за рафинирано масло. За да се спречи огромниот подем на фирмата, американскиот суд наредил таа да се расцепка на 34 независни компании при што на чело на секоја од нив би стоел различен раководител. Сепак Rockefeller имал доволен број на акции и тоа не го спречило зголемувањето на
неговото богатство. Напротив, Standard Oil, станала попривлечна и богатството за кратко време се дуплирало.

Andrew Carnegie $298.3 милијарди

andrew-carnegie_1.jpgВо прво време, на 16 години, работел во текстилна фабрика по 12 часа на ден, 6 дена во неделата за 2 долари неделна плата.
Потоа, започнал да работи во како пренесувач на телеграми, за потоа да биде унапреден во оператор.
Но неговото богатство не го стекнал тука. Првите пари ги заработил преку акциите што ги купил од Adams Experss (компанија за пренесување на пратки). Иако и со тој бизнис му одело добро, сепак најголемите пари ги заработил преку производството на челик.
Во 1901 година тој се пензионирал продавајќи го своите акции на John Pierpont Morgan за повеќе од $225 милиони. Сума која што и во денешно време е огромна.
Интересен е фактот, кога за време на Шпанско-Американската војна , САД ги купил Филипинските острови од Шпанија за $20 милиони, а потоа Carnegie се обидел да ги купи нив од САД за $20 милиони долари, но бил одбиен.
Што се однесува до неговата хуманост, Carnegie донирал 90% од своето богатство во добротворни цели.

Nicholas II of Russia $253 милијарди

russian-royal-family_1.jpgНиколаj Втори бил последниот цар на Русија. Владеел од 1894 до 1917 година. Нековиот лик е поврзуван со војни, револуции и трагедии. Една годна откако бил симнат од тронот, Никола и целото негово семејство биле егзекутирани по наредба на ленин.
Богатството го заработил старомодно – го наследил.

 

 

 

Henry Ford $188.1 милијарди

henry-ford.jpgКако и сите, и тој започнал да работи на 16 години. И покрај тоа што неговиот татко од него очекувал да стане фармер, тој сепак ги следел своите амбиции и на некој начин придонесол за развојот на светот, онаков како што го знаеме.
Името на henry Ford е синоним за автомобили. Тој го претстави The Model T, првиот ефтин автомобил за обичниот човек, добар однос кон вработените и 5 работни дена во неделата (што во тоа време биле реткост).

 

 

 

 


Marcus Licinius Crassus $169.4 милијарди

marcus-licinus-crassus_1.jpgКако најисториска личност од сите, Crassus, го има и најоригиналниот начин на заработување.
Живеел во периодот од 115 п.н.е. до 53 п.н.е. Бил римски генерал и политичар.
Нормално, во тоа време најголемите пари се заработувале преку трговија со робови и ископување на скапоцени материјали. Но, она што најмногу му се исплатило било, палењето на куќите во Рим, нивна поправка (од цела армија на војници) и препродавање на станарите.

- Реклама -