Најбизарните прашања на патници: Можете ли да ги исклучите моторите, многу се гласни!

Вработена во британската компанија Virgin Atlantic открила некои од најбизарните прашања кои што биле поставени од патниците во текот на летот.

Можете ли да ги исклучите моторите и да ја измасирате мојата баба? Како едно од „топ прашањата“ го наведуваат: Можете ли да ги исклучите моторите, премногу се гласни? Во анкетата спроведена меѓу 3.000 вработени, многумина истакнале дека се навикнати на прашања како „ Ве молам, сопрете ги турбуленциите“ или „ Постои ли McDonalds во авионот?“

Многу патници ги прашувале стјуардесите и дали можат да го отворат прозорецот, но и каде можат да се истушираат и има ли детска играчница. Од сјуардесите било барано да масираат, да забавуваат деца, да помогнат да се најде стаклено изгубено око.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Сепак, од компанијата наведуваат дека нивните стјуардеси секогаш настојуваат да им помогнат на патниците или барем да им дадат љубезно објаснување, колку и да е тешко тоа понекогаш.

Ни диспечерите на компанијата не биле исклучени од овие прашања, па морале да објаснуваат можат ли патниците да фатат воз, или може ли да се извлечат австралиски пари од меѓународни банкомати. Имало и прашања како „ Морам ли да го користам вистинското име на авионската карта“ или „ Кој е главен град во Европа и Африка?“.

Едно од најинтересните е: „ Како може мојот авион да полета од Сиднеј во 10 часот наутро, а да пристигне во Ванкувер во 10 часот наутро истиот ден?“

- Реклама -