Најбезбедното место во авионот, за параноици

5427238807_229534119b_o[1]

Понекогаш, научниците добиваат можност да прават многу кул нешта, демек во името на ваков или онаков експеримент. Така, во 2012-та, тие намерно урнаа авион Boeing 737 во мексиканската пустина и им беше супер-интересно.

Покрај забавата, успеале да извлечат и некои интересни заклучоци, кои се впрочем и мошне корисни, во екстремни прилики. Имено, се покажало дека шансите за преживување при уривање на авион се значително различни – во зависност од тоа каде седите. Така, во прва класа можеби е супер-удобно, ама ако нешто тргне наопаку, шансите не ви се баш најдобри. Од друга страна, ако седите зад крилото, на дното на авионот, може да поминете и само со главоболка.

Најважно е да се напомене дека авионите се многу побезбедни отколку повеќето други транспортни средства. Веројатноста да загинете во сообраќајна несреќа е речиси 1 спрема 5.000. Истовремено, веројатноста за авионска несреќа е 1 спрема 11.000.000.

airplane-movie-2Следствено на експериментот од 2012-та година, научниците откриваат дека при уривање, одредени делови трпат поголем удар од останатите. Импактот е најголем за пилотската кабина, која речиси веднаш се одвојува од трупот на авионот. Поради инертноста на авионот, луѓето кои патуваат во прва класа се изложени на голем ризик од смрт и сериозни повреди. На пример, столче со ознака 7A е пронајдено на околу 150 метри од местото на несреќата.

Прочитајте и:  Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт

Преместувајќи се поназад во авионот, смртта не изгледа толку неизбежна. Тест-куклите, поставени во средината на авионот, близу до излезите, поминале само со полесни повреди на главата. Куклата на која не и бил ставен појас, додуша, добила поголеми повреди, заради излетувањето од авионот.

Општо земено, тимот открил дека најбезбедното место се наоѓа „на дното“ на авионот. Тоа се местата кои се наоѓаат најдалеку од точката на ударот, а воедно и имаат непосреден пристап до излезите за брзо излегување.

Постојат и други податоци кои ги потврдуваат овие откритија. Ланската анализа на магазинот TIME, исто така заклучува дека најбезбедните места се средните места во задниот дел на авионот. Податоците покажуваат дека стапката на смртни случаи кај луѓето кои патувале на овие места е 28%, додека со придвижување напред во авионот, стапката на смртни случаи се зголемува речиси и до 40%.

Се разбира, најважни се околностите околу несреќата. Преживувањето во авион кој паѓа со задниот дел нема да е исто како кај оној кој како чекан се зарива со носот во земјата. Сепак, генерално, задниот дел на авионот секогаш е најсигурен (пишува и Tech Insider), ама па таму се наоѓа и тоалетот, кој понекогаш знае и да засмрди.

- Реклама -