Безбедната Куќа е парадокс – куќа која е осветлена, проветрена и отворена кон надворешноста благодарејќи на многуте големи прозорци, но истовремено е речиси невозможно некој да провали во неа. Како е тоа возможно? Со трансформација.
Овој дом, дизајниран од полското архитектонско студио KWK Promes, има две одделни состојби. Кога сте дома и се чувствувате безбедно, ја оставате отворена во нејзината „ранлива“ форма. Една страна е целосно стаклена и целата внатрешност е отворена кон светот. Дури има подвижен мост на вториот спрат кој ја поврзува куќата со друга градба во која е сместен затворен базен.
Но при најмал проблем, притискате едно копче и куќата се претвора во тврдина. Предниот дел од куќата се затвора со метална лизгачка врата, големи бетонски плочи ги покриваат прозорците а подвижниот мост се подига со што домот целосно се изолира. Но кој би сакал ваков дом? Оваа куќа била дизајнрана за клиент кој се грижел за својата безбедност и посакал безбеден дом на периферијата на Варшава.