Најавуваа протести а се одлучија за средби со граѓани, можеби е зашто залади времето – вели Таравари за ДУИ

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.

– ДУИ не одат на протести, туку на средби со граѓани. Јас им кажав, но и препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, вопшто да не се видат со граѓаните, изјави Таравари.

Прочитајте и:  Таравари: Само малоумен верува дека Уставниот суд случајно ги активираше предметите за балансерот и законот за јазици во првите 100 дена од оваа влада

Централното претседателство на ДУИ вчера во седиштето на партијата во Мала Речица одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и да се организираат состаноци од отворен карактер.

- Реклама -