Центарот за управување со кризи – Скопје, најавува дека на 27 ноември во делови од општините Ѓорче Петров и Илинден ќе има прекини на струја и тоа:
Од 8:30 до 9:30 часот утре без струја ќе останат корисниците од Домот за стари лица Волково и околните викендици во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Ново Село, од сред село, кај основното училиште и од улицата „4“ во општина Ѓорче Петров.
Од 8:45 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од компаниите Оптима, ФудБазар, DHL, Ванекс, Чеза, Ролопласт, Мотел Белви и Феликс во општина Илинден.
Прекините се закажани поради технички интервенции во електросистемот на овие локации.