Во текот на Европското Првенство Konami го демонстрираше изгледот и неколку од стадионите кои ќе се појават во новата Pro Evolution Soccer 2013 која ќе излезе во есента 2013 година.
Овие слики ги покажуваат новините на порано доминантната фудбалска видео игра. Во нив се гледаат неколку од стадионите кои ќе се појават во ривалот на FIFA 13. Во обид да се приближат на FIFA серијата на EA Sport Konami откри дека за сезоната 2012/2013 ќе се фокусира на „три централни столбови на подобрување“.
Овие столбови се “PES FullControl”, “Player ID”, и “ProActive AI”. Најновата видео игра во серијата ќе има повисок степен на реализам и секој аспект од натпреварот, од голманот до контролата на првиот допир ќе претрпат обнова.
Целосната контрола на шутирањето и подавањето во PES 2013 ќе им овозможи на гејмерите многу поголема контрола на гејмплејот од претходните игри во серијата. Од компанијата сè уште немаат точен датум за продажба на PES 2013, но со искуството од претходните верзии играта може да се очекува во првата половина на октомври 2013.