Нај-татковци за 2016-та

Не многу одамна, еден читател нé искара дека сме мразеле татковци (заради ова). После непреспани месец дена, решивме да си го обелиме образот. Затоа, еве компилација од татковци што се спремни да го превртат светот за нивните деца да бидат макар и малку посреќни.

1. На пример, овој татко, што си истетовира лузна за неговиот син – кој имал операција на главата, да не се чувствува различен од сите други.

ee32c3da-4a3b-4e53-92bb-500eb462fe6c[1]

2. Или овој, што не сакал едното синче да се лути што цело време е Луиџи, па го направил чинот на играње Марио Карт толку добар, што веќе не ти е ни гајле кој си.

85723505-86a1-423b-99f8-338ab9f9fa42[1]

3. Или овој, што преку интернет собра 2000 автомобили и преку 4000 луѓе за да му организира (долго посакувана) автомобилска изложба на 12-годишниот син откако му соопштиле дека по две победи над болеста, ракот се вратил и неговиот син има останати помалку од 3 месеци живот. Малиот не го знаел ова последново, а татково се погрижил и никој од тие 4000 луѓе да не му каже, за да може целосно да ужива во изложбата.

1a012d87-a73f-4e30-ad47-5c82ab9e6518[1]

4. Или овој камионџија, што кога ќерка му го замолила да ѝ ја чува барбиката додека е во школо, ја земал барбиката на работа и го документирал целиот ден низ фотографии.

ad48cba5-8b0f-4a46-8b4f-22c8d4345c4b[1]

5. А овој татко на синот му направил цел вселенски брод. Пази, со две седишта. Треба ли коментар?

4b97409b-7acb-407d-ad32-c6cb3692c24c[1]

6. Или овој, што 13 години ѝ го спремал подарокот за матура на ќерка си. Прво ѝ купил  една позната сликовница со наслов „Местата на кои ќе одиш“, па 13 години ги замарал сите нејзини наставници, ментори и професори да напишат по нешто специјално за неа. Резултатот – матура со еден куп спомени.

2b5870a9-b63b-4026-8e97-5ac2401707c2[1]

7. Типот што ја постна сликава на Reddit напиша вака: „И после долг напорен ден на работа, овој татко знае што му е вистинската работа“.

2c6c5e82-0f53-4d15-ae7c-f83ebff805fe[1]

8. Ако не беше татко му, детево уште ќе возеше инвалидска количка. Вака вози камион за сладолед што згора на тоа и свири и свети.

7c96172b-e3e1-4b5c-b243-2d7fae006be2[1]

9. Ова е многу работа за да направиш маска за бебе што нема ни да ја памти, ама кога е твое бебето, па и не е.16c1d638-f8d8-4b15-8cf3-d9b7570f124d[1]

10. Слика е доволна

11. Од 2008 па наваму, овој татко секој ден им црта различен цртеж на ќесичките за ручекот на своите деца.

63022edf-172f-48e9-86a6-819318d6b94f[1]

12. Или таткото што вежба гимнастика за да поминува повеќе време со својата ќерка гимнастичарка.

https://youtu.be/Kvnf2lev8QM

13. Или таткото што ѝ организираше Хелоуинско „коледе“ на ќерка си, иако беа во авион.

b67a4dc6-52d9-43c6-882c-e60702254e01[1]

14. Или таткото што ја направи најдобрата маска.

- Реклама -