Сте слушнале ли за езерото Маракаиба кое се наоѓа во Венецуела?
Кога ќе падне ноќта, настанува језива глетка.
Сета убавина на езерото се претвора во место каде што во секој момент може да удри гром.
На местото каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо, просечно 260 дена во годината се случува феномен познат под името „ Светилникот Маракаиба“. За време на тие ноќи, небото над езерото „се отвора“ за 1.000 молњи.
Експертите веќе со децении се обидуваат да одгатнат зошто се случува феноменот. Некои велат дека молњите ги привлекува ураниумот кој се наталожил под површината на езерото.
Она што е навистина причинител, се уште не е научно докажано.