Нагласување на природната боја на очите со помош на шминка

Речиси и нема девојка која не сака да се нашминка од време на време, но прашањето е како да ја изберете соодветната сенка за очи?

Еве неколку корисни совети:

Следниот пат кога ќе се обидете да пронајдете совршена нијанса, со цел да ја нагласите природната боја, имајте на ум само едно – спротивностите се привлекуваат. Применете ги советите кога повторно ќе бирате нијанса на сенка, која што најдобро одговара на бојата на вашите очи.

Сите нијанси за зелени очи

Црвената боја е сосема спротивна од зелената, па не е ни чудно што црвените усни изгледаат совршено на жени со зелени очи. Нормално, не можете да нанесете црвена сенка. Но, затоа бојата на слива, вино или црвенкаста – браон нијанса би биле идеален избор. Овие тонови совршено ќе го нагласат вашиот поглед.

eyeshadow-for-green-eyes

Сини очи

Портокаловата боја е спротивна од сината, така што било која нијанса со тонови на портокалова ќе ја нагласи сината боја на очите. Исто така, пробајте и сенки кои во себе содржат подтонови како што се кајсија, праска, бакар или боја на слонова коска.

eye_makeup_tips_for_blue_eyes

Кафени очи

Ова е неутрална боја, така што било која нијанса на сенка ќе изгледа совршено. Меѓутоа, доколку конкретно сакате вашите очи да дојдат до израз, одлучете се за сина или виолетова нијанса. Доколку пак, сакате да се обидете со виолетова, тогаш водете сметка таа да има златни подтонови.

Smokey-Eye-Makeup-For-Brown-Eyes

- Реклама -