Нагласете ги деталите

Нагласувањето на мебелот или само на некои детали може целосно да го промени изгледот на просторијата. Визуелниот трик ќе допринесе ентериерот да изгледа како нов. Оставете да ве води имагинацијата.

Смели комбинации

38861_1_630x0

Дневната соба ќе добие нов имиџ покрај цветни драпери во силни бои во еден дел од просторијата. Истиот ефект ќе можете да го постигнете и со смели тапети на еден од ѕидовите. Одличен детал за освежување на белиот амбиент.

Геометрија

38862_2_630x0

„Облечете“ ги фотељите во интересен геометриски штоф. Одберете материјал кој се разликува од софата за седење и направете нов амбиент. Сигурно ќе ви годат промените.

Цветни скалила

38863_3_630x0

Насликајте ги целите скалила или декорирајте ги со тапети. Дозволете си мал раскош и разноликост во вашиот дом. Поиграјте си со ентериерот.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

Колоритно

38864_4_630x0

Не постои правило дека во тоалетот плочките мораат да бидат во иста боја, или правилно подредени. Користете две или три нијанси во исти големини и направете ја поделбата. Со сигурност ќе изгледа убаво и креативно.

Совет плус

38865_5_630x0

Префарбајте ја влезната врата во нова нијанса. Користете широк спектар на бои и сменете го обичното секојдневно руво. Избегнете го клишето и одлучете се за смели варијанти и колорит.

Украсете го креветот

38860_6_630x0

Сменете ги навлаките на перниците во креветот во спалната соба. Изберете материјали со впечатлив дезен и бои. На овој начин      и обичната бела постела ќе изгледа супер модерно.

- Реклама -