Сериозна наезда на стаорци го мачи Вашингтон, престолнината на САД, предизвикана од благите зими и растот на населението. Во службите за справување со штетници има рекорден број пријави, а градските власти мака мачат да ја одржат ситуацијата под контрола.
Како што објаснува Џерард Браун – директор на агенцијата за контрола на глодари во Вашингтон, благите зими во последните години им овозможиле на стаорците непрекинато да се размножуваат. Не дека острите зими нешто посебно се погубни за стаорците – сивите стаорци (какви што го „напаѓаат“ Вашингтон во моментов) живеат во просек по осум месеци, а се заштитуваат од студот живеејќи во подруми или под земја. Возрасна женка се коти еднаш месечно, што значи околу 10 младенчиња. Сепак, подолгата изложеност на студ би им ги исцрпела залихите на храна, па на тој начин студените зими би оневозможиле непрекинато размножување.
Но нив ги нема, а и населението на Вашингтон (градот, не државата) во последните години значително се зголемува. Бројот на жители порасна на нешто повеќе од 700.000, а заедно со економскиот напредок, за 25% е зголемен и бројот на ресторани, барови и кафулиња во последните две години.
„Повеќе луѓе со повеќе пари значи повеќе ресторани, што значи повеќе ѓубре, што значи повеќе храна за глувците“, објаснува Браун.
Актуелната градоначалничка одвојува 900.000 долари за подобрување на контролата на глодарите, а градските власти нудат и финансиска помош и субвенции за локалите и рестораните кои ќе инвестираат во сопствени машини за преработка на отпад, со што би се оневозможило пристап на глувците до храната. Граѓаните, пак, се советуваат да ги прскаат кантите за ѓубре со мешавина од вода и хидроген пероксид.
Ова не е првпат Вашингтон да има проблеми со глувците, но за да се сфати размерот на проблемот, најдобро е да се погледне видеово: