Сите обожаваме да гледаме дела од млади и талентирани фотографи, но 14-годишниот ЗЕВ ги подигнува очекувањата и достигнувањата на еден нов повисок левел.
Портфолиото на младиот тинејџер од Масачусетс е веќе преполно со вешто изработени дела кои според квалитетот се едначат со уметниците од постарите генерации.
Со помош на различни техники ЗЕВ во неговата колекција автопортрети ја намалува својата големина и не води низ едно необично и магично нереално патување. Ефектот е одличен а неговите вештини и способности се зачудувачки.
Иако е млад, неговиот талент веќе го привлече вниманието на возрсните фотографи, па тој имаше прилика и да соработува со еден од врвните мајстори за фотографија Џоел Робинсон.