Ако вам ви се посреќи да дојдете до разговор за работа, далеку од тоа дека е се завршено.Всушност, главните предизвици допрва почнуваат.
Работодавачите се преполни со прашања за психолошка игра со своите потенцијални вработени. Погледнете неколку „трик“ прашања со кои ќе се обидат да ве „закочат“ за време на разговорот.
„ Кажете ни нешто за своите работни достигнувања на што сте особено горди“…
На изглед нормално прашање, но всушност многу моќно и треба да внимавате. Со ова прашање, работодавачите сакаат да откријат кои сте навистина. Подгответе се – навооружете се со податоци за сопствените резултати што сте ги постигнале, а проектите на кои што сте работеле. Внимавајте да е сето тоа вистина и мудро презентирајте ги оние податоци што одговараат на вашата личност.
„ Можете ли да го опишете идеалниот колега“?
Ова е чисто психолошко прашање, бидејќи се знае дека оние кои опипшуваат идеален колегам всушност се опишуваат себе и својата преданост. Знаат да прашаат и што вам ви пречи кај колегите. Ова прашање избегнете го така што ќе одговорите дека секој си има свои несовршености, па и вие. Сепак, сметате дека сте премногу флексибилна личност, па можете да излезете на крај и со оние спонтани ситуации кои нема да ви се допаднат. Сепак, во глобала не постои тип на работник со кои не можете да соработуваме и да пронајдете заеднички јазик. Ако сепак инсистираат на конкретност, кажете дека не можете да работите со мрзливи луѓе.
„ Како би го решиле овој предизвик“?
На кандидатите им се дава конкретен предлог, осносно предизвик, а потоа од него се бара како би го решил – чекор по чекор. Такво прашање открива како потенцијалните вработени навистина се снаоѓаат во вистинскиот свет. Важно е да бидете мирни и сконцентрирани и да ги употребите своите вештини.
„ Што би направиле во првите 100 дена на оваа рабта“?
Со помош на овие прашања, работодавачот проверува дали потенцијалните вработени знаат да ги испланираат и одредат своите цели. Ако одговорите се воопштени и нејасни, покажуваат дека не сте подготвени. Дури и ако навистина не знаете што би направиле, обидете се да одговорите и секако одговорете конкретно. Употребете ги своите таленти и сето искуство што го имате.