Денес од Авганистан не излегуваат многу позитивни приказни, но една инспиративна и необична приказна од Кабул привлекува сѐ поголемо внимание. Приказната е за училиште во кое децата добиваат шанса да се дружат и да формираат пријателства преку заедничка страст – скејтборди.
Скејтистан, училиште основано во 2007 година, кое денес има над 330 ученици од двата пола, ќе биде центар на внимание оваа недела со премиерата на кусиот филм “Skateistan: To Live and Skate Kabul” на фестивалот Санденс во Јута. Долгометражнот документарен филм “Skateistan: Four Wheels and a Board in Kabul” ќе ја има својата премиера на 29 јануари на Меѓународниот фестивал во Санта Барбара. Ова дополнително ќе го зголеми вниманието за проектот кој е симбол за надежта на деца кои растат во земја поделена од граѓанска војна во која владеат страв и несигурност.
Идејата за ова училиште е на австралијците Оливер Перковиќ и Шарна Нолан кои го посетиле Кабул со скејтборди во 2007 година. Во моментот кога ги спуштиле своите скејтборди на асфалтот до разрушена фонтана останата од советската ера, веднаш почнале да се собираат љубопитни деца. Денес посветени учители и доброволци ги образоваат децата и ги учат како да возат скејтборди во градба од 1765 метри квадратни во една од посиромашните области во Кабул, донација од Авганистанскиот Национален Олимписки Комитет. Училиштето е финансирано од приватни донации. [Skatebording school helps to empower kids in Afghanistan]