Надал ја освои првата титула годинава

По долгата пауза поради повреда на коленото Рафаел Надал ја освои првата титула на турнирот во Бразил со победата над Аргентинецот Давид Налбандиан со 6-2-6-3.

За шпанскиот тенисер ова е 51 титула во неговата кариера, а прва од ланскиот Ролан Гарос.

Рафа го почна финалето самоуверено, но во вториот сет Налбандиан дојде во предност. По серијата грешки, Шпанецот се врати во форма и освои шест гемови кои му ја овозможија победата.

- Реклама -