Над 70% од Македонците се на интернет

72,2% од населението во Македонија, односно 1.503.000 жители на државата имаат непречен пристап на интернет, а најмалку милион имаат профил на Фејсбук.

Според податоците на специјализиранта веб-платформа за статистика, „Интернет ворлд статс“, Македонците се побројни на интернет од жителите на Црна Гора (69,9%), Босна и Херцеговина (69,3%), Грција (69,1%), Србија (67,1%), Албанија (66,4%) и Бугарија (59,8%).

Во регионот единствено Словенија и Хрватска имаат повеќе корисници на интернет во споредба со Македонија и тоа Словенија 75,5% и Хрватска 74,4%.

Во однос на светската популација, пак, интернет користат 51,7%, додека на Фејсбук се регистрирани 1,7 милијарди луѓе.

Прочитајте и:  Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија
- Реклама -