Нацистички доктор одговорен за големиот број бразилски близнаци

Повеќе... Во својата нова книга еден аргентински историчар тврди дека нацистичкиот доктор Јозеф Менгеле е одговорен за големиот број на близнаци кои и по четири децении сè уште се раѓаат во бразилското гратче Candido Godoi.

twins_1243896c.jpgВо својата нова книга еден аргентински историчар тврди дека
нацистичкиот доктор Јозеф Менгеле е одговорен за големиот број на
близнаци кои и по четири децении сè уште се раѓаат во бразилското
гратче Candido Godoi.

Овој историчар открива дека Менгеле ги лекувал луѓето и животните во градот за време на 60-тите години под лажното име Рудолф Вајс, во својата книга „Менгеле: Ангелот на смртта во Јужна Америка.

Мисијата на Менгеле, кој престојувал во Аушвиц како медицинско лице од 1943-та до неговото бегство пред доаѓањето на Црвената Армија во 1945, била да создаде супериорна ариевска раса и со помош на експерименти да открие како да ја зголеми стапката на раѓање, преку генетички создадени близнаци. Сега историчарите тврдат дека неговите  експериментни веројатно биле плодотворни.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Со години научниците не можеле да ја откријат причината зошто секоја една од пет бремености во овој мал бразилски град резултира со близнаци – најголемиот дел од нив русокоси со плави очи.

Жителите на Candido Godoi потврдуваат дека Менгеле често престојувал во градот во раните 60-ти години, најпрво претставувајќи се како ветеринар, во исто време нудејќи медицински третмани на жените во градот. [Nazi angel of death Josef Mengele ‘created twin town in Brazil’]

- Реклама -