Националната арена се опреми со LED екран долг 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија со нова инвестиција

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) имплементираше значајна инвестиција, воведувајќи сопствен ЛЕД екран со должина од 210 метри. Оваа иницијатива има за цел да го подобри искуството на публиката, да обезбеди поголема видливост за спонзорите и да создаде современ дигитален амбиент на стадионите.

„Досега, рекламите на нашите стадиони беа ограничени на дрвени табли. Со овој проект, се стремиме кон современите стандарди. Работиме без изнајмување и со добра визија“, изјави Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Тој нагласи дека ова е уште еден чекор кон професионализација на македонскиот фудбал и подигање на стандардите кои ги заслужуваат нашата репрезентација, публиката и спортот во целина.

„Фудбалот е на врвот на нашите приоритети. Напред, Македонија!“, порача Омерагиќ, најавувајќи дека ФФМ продолжува со реализација на проекти за модернизација на спортскиот амбиент во нашата земја.