Началници во МВР на журка со караоке и оро во тетовско Копанце за време на најдолгиот полициски час (ВИДЕО)

Забава со караоке шоу и ора се виеле во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава, објави „А1он“.

Од снимките, како што пишува порталот, може да се види дека на собиранката имало повеќе од 10 лица, а журката траела до доцните вечерни часови. На журката присуствувале и двајца полицајци со високи чинови во МВР, односно началници во две различни полициски станици, и покрај забраната за групирање на повеќе од пет лица.

Како што пишува „А1он“, соседите ја пријавиле гласната музика, затоа што им пречела, но при интервенцијата полициjaта не затекнала ама баш никого – музиката била исклучена, а дворот бил празен. Повеќе детали и видеото погледнете го ТУКА (предупредување: стишете ги слушалките/звучниците, тоа што ќе го слушнете нема да биде пријатно).

 

- Реклама -