На трпезата на сиромавиот најчесто се наоѓаат овие јадења

Светот се ‘уште не се опорави целосно од светската финансиска криза. Многу луѓе се уште се без работа и се обидуваат да го прицврстат буџетот. На страна светот, ние со години не можеме да се пофалиме дека сме богата земја. Во тој контекст, погледнете неколку јадења кои се добар избор за луѓе со ограничен буџет:

1. Кафеав ориз

IMG_1377

Оризот е евтин и заситува. Подобро е да се зготви ориз, отколку да се јадат дури и најевтините сендвичи во ресторани за брза храна. Покрај тоа, со соодветни зачини и комбинации со зеленчук, можете да правите безброј разновидни јадења.

2. Грав

beans(1)

Тој  исто така е евтин, а од еден пакет може да се готви долго време. Има висока хранлива вредност. Содржи: протеини – 23,3%; јаглехидрати – 55,5%; вода – 11,2% и масти – 1,5%; како и витамини од групата Б и витамин Ц. Македонската кујна познава многу специјалитети инспирирани од грав.

3. Компири

potatoes

Компирот има висока содржина на јаглени хидрати и протеини кои содржат минерали (особено калиум) и витамини, вклучувајќи витамин C. Можат да бидат зготвени во различни варијанти.

4 . Зеленчук

zelen-lisnat-zelencuk

Брокула, спанаќ, зелка – овие зеленчуци  се корисни и здрави. Можат да бидат вметнати во главното јадење или како салата.

5. Замрзнат зеленчук

frozen

Купувате големи пакети и ги чувате во замрзнувачот. Добра идеја е во текот на летото сами да замрзнете зеленчук, па  така на зима ќе си имате различни видови , кои на пазарот се скапи.

6. Тестенини

macaroni-cheese

Уште една опција за храна која е евтина и заситува многу. Избирајте јадење со нив кое е  поздраво. Може да  добиете прекрасни комбинации со брокула или друг зеленчук. Сепак, не претерувајте со макарони, тоа не е храна за секој ден, особено за луѓе со наклонетост кон дебелеење.

- Реклама -