Тенисот отсекогаш ја привлекувал елитата во своите кругови, а ништо поинаку не е ни овој пат.
На финалето на Вимболдон пристигнале омилените членови на кралското семејство, но и многу други ѕвезди…
И додека на тенискиот терен се водела битка меѓу најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, трибините ги пополниле светски ѕвезди, а најголемо внимание привлече британкиот кралски пар Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Одлично расположени го следеле мечот, исто како и другите познати лица во публиката.
И вториот омилен британски пар се најде во публиката. Се разбира, збориме за Викторија и Дејвид Бекам кои пред неколку дена прославија 15 години брак. И познатиот авсралики пар дојде на Вимболдон, Крис Хемсворт и сопругата Елса Патаки близнаците ги оставиле дома и земале малку време за себе.
И актерот Семјуел Л. Џексон не го пропуштил овој меч, како и познатиот Хју Џекмен кој е целосно непрепознатлив со новиот имиџ.
Српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ по втор пат во кариерата го освои најголемиот турнир во светот Вимболдон, а во финалето го совлада Роџер Федерер во одличен натпревар кој траел скоро четири часа.