На Сирија не и треба Западот

asad

Војната во Сирија е продолжена од фактот што западните земји се обидуваат да ја сменат власта во земјата, изјави сирискиот претседател Башар Асад во интервју за холандската телевизија NPO2.

Според него, конфликтот може да биде решен за помалку од една година, ако меѓународната заедница “преземе мерки за запирање на протокот на странци”, кои се приклучија во редовите на екстремистите.

Сепак, ниту една од земјите од Западна Европа, според претседателот, не е подготвена навистина да придонесе за завршување на војната.

“Никој од нив не е подготвен, само Русија, Иран и нивните сојузници кои ја поддржуваат сириската влада, но не и Западот”, рече Асад.

- Реклама -