На шест годшна возраст е суспендиран од училиште, зашто бакнал девојче

Првачето Хантер Џелтон (6) од Колорадо е суспендиран од училиштето бидејќи бакнал девојче од своето одделение, што надлежните го категоризирале како сексуално вознемирување.

„ Тоа се случи за време на часот. Читавме, кога се наведнав кон неа да и ја бакнам раката“, вели момчето и додава дека е заљубен во девојчето и дека и двајцата се сакаат.

Мајката на детето Џенифер Сандерс изјавила дека е изненадена од казната која ја добило нејзиното дете и дека раководството претерува со проценките.

Таа изјавила дека не гледа ништо лошо во однесувањето на својот син и наклонестоста кон девојчето на тие години. Таа била шокирана кога директорот го употребил терминот „сексуално вознемирување“.

„ Терминот сексуално вознемирување не се соодветен да се употребува во контекст на шест годишни деца. Сега мојот син ми поставува прашања: „Што е секс?“. Тоа не би требало да прашува дете на тие години“, вели мајката.

Директорот Робил Гулди од друга страна наведува дека детето било суспендирано поради недолични допири.  Тој исто додава дека родителите на девојчето не се огласиле по повод случајот и нема да превземат судски мерки, бидејќи укорот е спроведен на ниво на училиштето.

„ Бакнежот е нормално искажување на нежност кај шест годишните деца“, вели Сенди Вуртеле, училишен педагог и додава дека е многу зачудена од реакцијата на училиштето.

„ Ова им испраќа погрешна и негативна порака на децата“, додава таа и тврди дека во тие години е нормална љубопитноста меѓу  момчињата и девојчињата.

- Реклама -