Фотографиите на работници со и без униформи покажуваат дека работата не е онаа која што не определува.
„Работната облека” е серија од францускиот фотограф Бруно Фер, која што упатува поглед кон луѓето кои изгледаат на одреден начин на работа, и на друг во дневната соба.
Изборот да се фотографираат овие луѓе кои доаѓаат од различни сфери на животот, во нивните домови, им овозможува на гледачите да ја видат споредбата помеѓу приватниот и професионалниот живот. Тој нуди увид во различните костими, кои сите ние ги облекуваме во различни пригоди и многуте улоги кои што ги играме во животот.
Фотографот вели дека неговата серија претставува „две реалности: личниот живот и нашиот професионален изглед” – Некои си противречат, други се дополнуваат…