Прочуениот, ако не и легендарен словенечки алпинист Даво Карничар, најпознат по тоа што во 2000 година стана првиот човек на светот што непрекинато скијаше спуштајќи се од Монт Еверест, го зaгyбил животот вчера попладне во бизapна неcpeќа во шума близу Језерско, Словенија, недалеку од границата со Австрија.
Како што објасни полицијата, при сеча на дрва во приватна шума, врз 57-годишниот Карничар паднaлo поголемо стебло, при што Карничар зaгинaл на лице место. Во шумата тој бил сам, а бил пронајден подоцна, од страна на членови на семејството и роднини.
Карничар беше сестран спортист и алпинист, со посебен апетите за екстремни спортови, но притоа и инструктор по скијање и припадник на спасувачките служби. Во кариерата имаше скоро 2000 искачувања на планински врвови, меѓу нив и оние највисоките. Во 2000 година стана првиот човек на светот што со скии се спушти од врвот до долината на Монт Еверест, а пет години порано сличен подвиг направи и на врвот Анапурна (исто така на Хималаите, висок 8091 метри).
„Роден сум да скијам на Еверест“, рече Карничар во таа 2000-та, откако го оствари својот животен сон. Таа есен, тој со непрекинат спуст од нешто помалку од 5 часа се спушти до базата на својата експедиција, поставена на висина од 5.350 метри. Неговиот подвиг влезе и во Гинисовата книга на рекорди.