На прослава од годишнината на НАТО и на средба кај Пендаровски се договарале измените на КЗ и уставните измени, вели Николоски

„Однесувањето на поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ беше многу јавно, два пати се правеше обид за вонреден конгрес во партијата, поранешниот претседател остана активен на социјалните мрежи и имаше став за многу теми, но не и за името“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на јавниот сервис на МТВ.

Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие дејствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контакти и со СДСМ, но идеите кои се разговараат не се во корист на државата.

Во делот на докази, посочи Николоски има два дела.

„Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседател треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во Македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Николоски.

Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации.

„Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година, една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски, каде се врвните луѓе од власта, на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега. Прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имамаме докази, еве има и УСБ на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување, тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието“, рече Николоски.

Николоски укажа дека има јасна трага од каде е УСБ-то.

„Самото тоа што текстот од УСБ-то одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски.

Николоски истакна дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. Според него, „корист има Оливер Спасoвски кој нема да одговара за набавката на чизми во МВР, Васко Ковачевски нема да одговара за барањето мито од 250 илјади евра во РЕК Битола, се подобрува положбата на Мухамед Зеќири, Драги Рашковски, потоа застареност ќе има на многу дела на Зоран Заев“…

- Реклама -