Камион кој може да помине речиси 2.000 километри со едно полнење и без штетни гасови, може да се покаже како најголема револуција во товарните програми. Тоа е моделот Nikola One на американската компанија Nikola Motors, која официјално го претстави својот прв модел во Солт Лејк Сити.
Машината е управувана од електромотор со моќност од 1.000 коњски сили и 2.711 Nm вртежен момент, а за неговото напојување се грижат водородни горивни ќелии. Во зависност од товарот Nikola One може да помине помеѓу 1.250 и 1.950 километри со едно полнење на водород. А, ако горивото заврши, батеријата е доволна за уште 160 километри „итна километража“. Потрошувачката е еквивалентен на околу 15 литри гориво на 100 километри – драстично помалку од повеќето денешни големи камиони во САД, кои трошат за 35-45% повеќе.
Во официјалната коминике Nikola Motors ветува да достигне навистина нулта емисија на гасови, ќе го дистрибуира целиот потребен водород од мрежа од фотосоларни централи. Нејзината изградба ќе почне кон крајот на следната година. Првично компанијата ќе изгради 56 станици за водород, а со текот на времето ќе се зголеми нивниот број до над 400. Тоа ќе е доволно да се покрие целата територија на САД. Nikola веќе прифаќа нарачки, а првите примероци ќе бидат доставени на клиентите по три години. Камионите ќе се нудат за 6-годишен закуп, во рамките на кој полнењето со водород ќе биде бесплатно. Nikola сеуште нема своја фабрика, затоа првите неколку илјади камиони ќе биде произведен во партнерство со Fitzgerald.
Паралелно со камионот Nikola претстави и Zero – електричен офроуд кабриолет со големи гуми, 4х4 погон, со 140 коњски сили моќност и малку над 3 секунди за забрзување од 0 до 100 km/h.