На пластичните операции не можеа да одолеат ни најголемите холивудски диви!

Во Холивуд пластичната хирургија е речиси и дел од секојдневната нега. Под нож се подлегле и некои од светските диви за кои не би ни претпоставиле…

Да се биде на врвот во шоу-бизнисот не е лесна работа а вклучува и секојдневна нега за убавиците да се изборат со својот најголем непријател- времето. Radar Online на едно место ги собра сите познати дами кои сепак потклекнале и се согласиле да корегираат дел од своето лице и тело.

Мараја Кери се прослави во 90-тите, благодарение на нејзиниот прекрасен глас, а од тогаш некои работи и изменила. Особено во делот на деколтето. Пластичниот хирург др. Денис Хурвитс од клиниката во Беверли Хилс вели дека Мараја Кери има направено зголемување на градите- што е лесно воочливо во споредба со фотографиите на почетокот на нејзината кариера и денес.

И 38-годишната Ферги има направено пластична операција. Др. Ричард Флеминг вели дека пејачката имала пластична операција со која ѝ се подигнати јаболчниците и затегнато лицето. „Изгледа дека имала она што ние го викаме mini-face lift“, вели докторот.

Жените знаат дека годините најмногу се отцртуваат на вратот, рацете и колената. Затоа, 50-годишната Деми Мур отишла на пластична операција со која ги „пополнила“ колената и ги скрила годините. На операцијата која трае 90 минути, наводно била во 2006 година. Признала дека е опседната со својата убавина, и иако не открила што сѐ корегирала, рекла: „Корегирав нешто, но не е лицето“.

Ким Кардашиан се најде на листата на пластични операции, а наводно во својот прв потфат го направила пред десет години додека сеуште била во брак со својот прв сопруг Дејмон Томас. Тогаш сакала да изгледа совршено за него, а Дејмон ја платил нејзината липосукција- на која се натерала самата Ким.

И нејзината постара сестра Кортни признала дека подлегнала на пластична операција. Таа ги зголемила градите за еден број, но подоцна зажалила. „Беше многу глупава работа, но со моите 22 години никој не можеше да ме разубеди“, рекла Корни.

А и младата ѕвезда од тинејџерската серија Glee признала дека имала пластична операција на носот. Диана Аргон носот го оперирала кога имала 25 години, затоа што до тогаш го има скршено веќе два пати, па мораше да се направи корекција. Сѐ поминало во ред, а разликата е минимална.

Корекција на нос направила и познатата Џенифер Анистон. Во средношколските денови го скршила носот откако била удрена со топка во глава, па по неколку години подоцна Џен се подложила на пластична корекција. Познатата актерка подоцна срамежливо признала дека „носот повеќе не ѝ е скршен“.

- Реклама -