На пат е уште едно правнуче на кралицата: Кејт Мидлотон е повторно бремена?

Веќе неколку пати била пуштена во медиумите информација дека Кејт е бремена, но овој пат наводно откриена е тајната од страна на долгогодишна пријателка на принцезата.

„Тие ми кажаа дека Кејт е бремена, но мислам дека за неколку недели  и службено ќе го потврдат ова , изјави за австралиското списание „New Idea“ Џесика Хај, долгогодишна пријателка на Кејт Мидлтон.

Џесика исто така говори за промените кои се случуваат на телото на Кејт.

„Лицето и е подебелко исто како кога беше бремена со Џорџ. Ја промени и фризурата, можеби за да сокрие дека започува да се здебелува. Останува да видиме“, вели таа.

Ако е вистина така, бременоста не може да се крие долго.

- Реклама -