На овој татко веќе нема да му текне да ја отвора поштата на неговиот син

YouTube корисникот Edamame, неодамна на неговиот канал објави видео кое за кратко време стана вирално.

Како што напишал тој, неговиот татко имал иритантна навика да ги отвара и неговите пратки, па преку интернет страницата ruindays.com порачал „писмо-бомба“, при чие отворање нагло излегуваат илјадници шљокици.

Некои од корисниците на YouTube прокоментирале дека на овој претерано радознал татко веќе нема да му текне да ја отвора туѓата пошта.

Како вие би реагирале доколку ве снајде нешто слично?

- Реклама -